Повеќе од стотина килограми кокаин, со проценета вредност на околу осум милиони евра, скриен во “Сахер“ торта, требало од Европската Унија да пристигне во Загреб, пишува хрватски “24 часа“, пренесува Нетпрес.
Шверцерите се откриени во Словенија, кои кокаинот од Јужна Америка го пренеле во Германија, од каде требало да се упати кон Загреб како крајна дестинација.
Тројца хрватски државјани и уште неколку лица вмешани во овој ланец на трговија со дрога се уапсени и моментално се наоѓаат во екстрадиционен притвор.
Еве нешто ново