e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

    Виртуелен земјотрес на Балканот

    Share
    avatar
    МариоМК
    Aдминистратор
    Aдминистратор

    Број на мислења : 150
    Поени : 2147531847
    Репутација : 8
    Дата на регистрирање : 2011-04-15
    Возраст : 22
    Местолокација : По Дома

    Виртуелен земјотрес на Балканот

    Пишување  МариоМК on Саб Апр 16, 2011 5:10 pm

    Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 30 март ќе ги зафати најголемата природна катастрофа со која сме се сретнале досега. Два виртуелни потреса со максимална јачина од 7,3 степени по Рихтеровата скала и најголемиот цунами ќе го погодат регионот и ќе усмртат десетици илјади лица. До невидената несреќа остануваат нешто повеќе од три дена.

    Иако ова се чини како најцрно можно сценарио на катастрофа, всушност се работи за виртуелна интернет-вежба на Центарот за истражување на универзитетот во Сан Диего.

    Центарот на своите компјутери ќе ја почне симулацијата во која балканската регија на 30 март во 4.02 часот ја погаѓа земјотрес, а потоа и цунами при што ќе загинат повеќе десетици илјади лица. Реално ќе се прикаже и хаотичната состојба по несреќата и значителната материјална штета.

    Целта на вежбата, наречена „Х42 Европа“ е да се утврди моќта на социјалните медиуми, работната мобилизација и користењето на ресурсите на интернет-заедницата за многу акции на ублажување на последиците од катастрофата, од помош на жртвите до информирање на јавноста. Исто така, ќе се следи и протокот на информации и координацијата на активностите од страна на меѓународната заедница во период од 180 виртуелни дена, колку што би требало да трае катастрофата.

    Проектот ќе биде поделен на четири фази: првите 48 часа, 2-15 дена, 30-60 дена - 90-180 дена. На крајот ќе се изработи заклучок во кој ќе бидат изнесени главните научени лекции и коментари на учесниците.

    Сличен проект е изведен во септември 2010 година за подрачјето на јужна Калифорнија. Во него учествуваа над 12.000 луѓе од 79 држави и 90 американски владини, невладини, приватни, општествени и други организации.
    avatar
    Мистериозен
    Aдминистратор
    Aдминистратор

    Број на мислења : 253
    Поени : 2147532547
    Репутација : 10019
    Дата на регистрирање : 2011-03-11

    Re: Виртуелен земјотрес на Балканот

    Пишување  Мистериозен on Саб Апр 16, 2011 8:39 pm

    Не пишувај поминати информации.
    avatar
    whomi
    Aдминистратор
    Aдминистратор

    Број на мислења : 107
    Поени : 2147532547
    Репутација : 2
    Дата на регистрирање : 2011-03-11
    Местолокација : пред компјутер

    Re: Виртуелен земјотрес на Балканот

    Пишување  whomi on Саб Апр 16, 2011 8:40 pm

    Го имав ова читано пред 1-2 недели ако не се лажам, интересно tongue
    avatar
    Мистериозен
    Aдминистратор
    Aдминистратор

    Број на мислења : 253
    Поени : 2147532547
    Репутација : 10019
    Дата на регистрирање : 2011-03-11

    Re: Виртуелен земјотрес на Балканот

    Пишување  Мистериозен on Саб Апр 16, 2011 8:47 pm

    Многу е старо.Пред Исус е информацијата.

    Sponsored content

    Re: Виртуелен земјотрес на Балканот

    Пишување  Sponsored content


      Сега е точно Нед Ное 19, 2017 8:41 am