e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

    Комета и вонземјани и’ се доближуваат на Земјата

    Share
    avatar
    МариоМК
    Aдминистратор
    Aдминистратор

    Број на мислења : 150
    Поени : 2147528907
    Репутација : 8
    Дата на регистрирање : 2011-04-15
    Возраст : 22
    Местолокација : По Дома

    Комета и вонземјани и’ се доближуваат на Земјата

    Пишување  МариоМК on Вто Мај 10, 2011 6:07 pm

    Кометата Еленин откриена од руски астрономи провоцира масовна хистерија на Интернет. Блогери и новинари шират гласини за огромни вселенски бродови, кои се кријат зад оваа комета, како и за тоа дека таа комета и таинствената планета Нибури, со нивното приближување до Земјата ќе предизвикаат глобална катастрофа, пишува бугарски “Днес“, пренесува НетПрес. Аргентинското издание на “Контексто“, соопштило дека зад кометата Еленин летаат вселенски бродови, и во октомври кога кометата треба да и’ се доближи на Земјата, ќе се случи првиот контакт со вонземски цивилизации.

    Овие информации се добиени од кинески астрономи, а НАСА ги крие како најголема тајна.

    Според пресметките, на 16 октомври 2011 година, кометата Еленин ќе и’ се доближи на Земјата на минимално растојание од 34,9 милиони километри (0,23 астрономски единици).

    Кометата е откриена на 10 декември 2010 година на слики добиени од страна на руската автоматизирана опсерваторија во Ново Мексико- САД. Следниот ден овие податоци се потврдени од руски и украински астрономи, а еден ден подоцна добиена и потврда од американски и јапонски научници.


    _________________

      Сега е точно Нед Јун 25, 2017 8:57 pm