e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

Join the forum, it's quick and easy

e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

e-Meтеор

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

    Комета и вонземјани и’ се доближуваат на Земјата

    МариоМК
    МариоМК
    Aдминистратор
    Aдминистратор


    Број на мислења : 150
    Поени : 2147578847
    Репутација : 8
    Дата на регистрирање : 2011-04-15
    Возраст : 29
    Местолокација : По Дома

    Комета и вонземјани и’ се доближуваат на Земјата Empty Комета и вонземјани и’ се доближуваат на Земјата

    Пишување  МариоМК Вто Мај 10, 2011 6:07 pm

    Кометата Еленин откриена од руски астрономи провоцира масовна хистерија на Интернет. Блогери и новинари шират гласини за огромни вселенски бродови, кои се кријат зад оваа комета, како и за тоа дека таа комета и таинствената планета Нибури, со нивното приближување до Земјата ќе предизвикаат глобална катастрофа, пишува бугарски “Днес“, пренесува НетПрес. Аргентинското издание на “Контексто“, соопштило дека зад кометата Еленин летаат вселенски бродови, и во октомври кога кометата треба да и’ се доближи на Земјата, ќе се случи првиот контакт со вонземски цивилизации.

    Овие информации се добиени од кинески астрономи, а НАСА ги крие како најголема тајна.

    Според пресметките, на 16 октомври 2011 година, кометата Еленин ќе и’ се доближи на Земјата на минимално растојание од 34,9 милиони километри (0,23 астрономски единици).

    Кометата е откриена на 10 декември 2010 година на слики добиени од страна на руската автоматизирана опсерваторија во Ново Мексико- САД. Следниот ден овие податоци се потврдени од руски и украински астрономи, а еден ден подоцна добиена и потврда од американски и јапонски научници.

      Сега е точно Саб Апр 27, 2024 12:06 am