e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

Join the forum, it's quick and easy

e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

e-Meтеор

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

2 posters

    Че Гевара

    Мистериозен
    Мистериозен
    Aдминистратор
    Aдминистратор


    Број на мислења : 253
    Поени : 2147579407
    Репутација : 10019
    Дата на регистрирање : 2011-03-11

    Че Гевара Empty Че Гевара

    Пишување  Мистериозен Вто Апр 19, 2011 1:29 pm

    Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна (шпански: Ernesto Rafael Guevara de la Serna) (14 јуни 1928 - 9 октомври 1967) или скратено Че (шпански: Che) е марксистички револуционер, еден од водачите на Кубанската револуција.
    Рани години

    Роден e во Росарио, Аргентина. Живеел во добро ситуирано семејство, кое и покрај завидната состојба преферирало социјалистички идеи. На 20 години почнува да студира медицина, на универзитетот во Буенос Аирес.

    На 1 јануари 1950, Че Гевара и неговиот пријател Алберто Гранадо тргнуваат на пат околу Јужна Америка со мотор (така наречен Ла Педроса),со цел да стигнат во Венецуела на роденденот на Алберто Гранадо (на 8 август) и таму да го прослават. За време на патувањето отседнуваат на неколку места. Најпрво се задржуваат 6 дена во Миамар, кај тогашната девојка на Че, потоа следат пропратни проблеми со моторот и кратки задржувања на повеќе места. Подолго се задржуваат во Перу, на еден остров во болница за лепрозни лица, каде што работат извесно време. Таму Че на големо го подигнува духот на болните лица уверувајќи ги дека треба да се борат во животот за се, па и против болеста. Тука Че го прославува 23 роденден. На крај неговиот пријател Гранадо е примен како биохемичар во една болница во Гватемала и тука се разделуваат. Че оди во Мајами, од каде се враќа во Буенос Ариес,за да го заврши факултетот. Во текот на патувањето му се развиваат и мислите околу комунизмот, како единствено решение за спас на луѓето кои невино страдаат, и сето тоа започнува кога ќе сретне брачен пар, лево-ориентирани во политиката, кој оди во рудник да заработи за леб, бидејќи властите му го одземале земјиштето. Тоа е всушност пресвртниот момент во сфаќањата на Че.


    Почеток на револуционерните активности

    Откако го завршил факултетот, во јули 1953 година Че повторно заминува на пат низ Латинска Америка. Во тој период се жени со Хилдита од која има и едно дете. При тоа го запознава Рикардо Рохо, човек кој прв пат ќе го одведе Че во вистинска борба против капиталистите, во Гватемала. Таму Че нема да стекне некое искуство, бидејќи левичарскиот режим на Јакобо Арбенц набрзо по доаѓањето на Че е соборен. Че тогаш пребегнува на територијата на Мексико, каде што го запознава Фидел Кастро и неговиот брат Раул. Вечерта кога се запознале, на 8 јули 1955 година, тие разговарале 5-6 часа и „паднал“ договорот за организирање на револуција во Куба.
    Кубанската револуција

    Бунтовниците на чело со Фидел Кастро за Куба заминуваат на 25 ноември 1956 година. Помеѓу нив е и Че Гевара. Неговата првобитна задача е да биде лекар, но набрзо се вклучува и во борбените дејствија на герилците. Во 1957 Че и браќата Кастро ја нападнале касарната во местото Ла Плата на Куба. Тоа било воедно и првата нивна победа. Че раководи и во текот на битката за Санта Клара кон крајот на декември 1958 година. Победата на герлиците во оваа битка се покажува како решавачка за соборувањето на диктаторот Фулгенсио Батиста. На 1 јануари 1959 година тој бега од Куба, а герилците влегуваат во Хавана и прогласуваат победа.

    Ернесто добива кубанско државјанство на 9 февруари и врши повеќе раководни функции. Станува гувернер на Народната банка на Куба, амбасадор на Куба во Организацијата на Обединетите Нации и уште 2 министерски места. Како амбасадор посетува повеќе левоориентирани земји, меѓу кои и Југославија. Има свое излагање и на Самитот во Алжир, каде што се запознава со ситуацијата на колонијалните земји од тој дел на светот, и најмногу го погодува угнетеноста на конгоанскиот народ.
    Конго

    Во 1965 година Че решава да ги напушти сите владини функции на Куба и да замине во Конго со цел да ја прошири револуцијата на таа територија. Инаку, Че последен пат е виден на 15 март 1965 година, на аеродромот во Хавана, каде се симнува од авион и се упатува заедно со Кастро во собата за разговори. Оттогаш тој, во голема тајност, се подготвува за проширувањето на револуцијата на африканско тло. Во тој период умира мајка му, по големи напори да стапи во контакт со својот син. Но, при секое јавување во неговиот дом, Алеида Марч (неговата втора жена) го давала истиот одговор, дека Ернесто бил на доброволна работа, во длабочината на островот, далеку од Хавана. Така тој не успева да си ја види за последен пат својата мајка, а веста ја дознава во август истата година, кога веќе се наоѓа на тлото на Африка.

    Во Конго се задржува неполна година, од каде што излегува како поразен, но не поради своја вина, туку поради несовесноста и неодговорноста на Конгоанската герила. Иако вратата на Куба сѐ уште се отворени за него, тој во никој момент не помислува да се врати назад, бидејќи веќе еднаш се откажал од тоа да дејствува таму, и решава да замине на мал одмор во Прага. Но убедувањата од Кастро да се врати во Куба не стивнуваат и тој решава да му предложи дека ќе дојде на Куба, но само за да организира герилска војна во некоја јужно-американска држава. Тој услов го прифаќа Кастро и му предложува на Че да дејствува во Боливија.
    Боливија

    Така, Боливија станува следната дестинација на Ернесто. Во пролетта 1966 година се враќа повторно на Куба, каде што по неколку месечни подготовки, на 3 ноември истата година се упатува на Боливија, поминувајќи ја границата под име Адолфо Мене, уругвајски бизнисмен. Таму пречекан од Тања Герилка (Laura Gutieres Bauer, Германка со аргентинско потекло која била задолжена за организирање на престојот на Че во Боливија) во Ла Паз и веднаш пренесен во Њанкаус. Целта на групата на Че било да се стигне до највнатрешните предели, во најдлабоките прашуми, од каде што би можеле да дејствуваат. Но уште од почетокот почнале да се случуваат непредвидени работи. Најпрво Комунистичката партија на Боливија се оградила од било какви напади на герилците, т.е. не им дале никаква подршка на герилците, потоа групата претрпува и човечки загуби, кај реката Рио Гранде, кога е пресретната групата на Тања Герилка и Хоакин и целосно уништена. Но Че сѐ уште не се предава и продолжува со својата десеткувана група да се пробива кон селото Ваље Гранде. Тоа ќе биде и местото каде што на 7 октомври 1967 година ќе биде пресретнат од Боливиската армија и ќе биде заробен. На 8 октомври, во 13 часот, ќе биде погубен од страна на боливискиот војник Марио Теран, кој ќе стрела директно во градите на Че. Според тогашниот претседател на Боливија, Бариентос, телото на Че е спалено и пепелот расфрлан над селото Ваље Гранде. Но сите не мислеа дека тоа е вистина. Напротив телото било закопано покрај пистата на стариот аеродром во Ваље Гранде.

    Посмртните останки се пронајдени на 28 јуни 1997 година и со големи почести пренесени и положени во Мавзолеј во Санта Клара, посветен токму нему, на 17 октомври 1997 година.

    Ернесто Че Гевара, и по својата смрт, остана легенда до ден денес. Идол на многу млади луѓе, што поради храброста, што поради својот љубовен живот, што поради своите комунистички сфаќања.
    whomi
    whomi
    Aдминистратор
    Aдминистратор


    Број на мислења : 107
    Поени : 2147579407
    Репутација : 2
    Дата на регистрирање : 2011-03-11
    Местолокација : пред компјутер

    Че Гевара Empty Re: Че Гевара

    Пишување  whomi Вто Апр 19, 2011 7:36 pm

    Заслужува почит cheers

      Сега е точно Пет Апр 19, 2024 6:00 pm