e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

    Преживеал бомбаш самоубиец

    Share
    avatar
    МариоМК
    Aдминистратор
    Aдминистратор

    Број на мислења : 150
    Поени : 2147531847
    Репутација : 8
    Дата на регистрирање : 2011-04-15
    Возраст : 22
    Местолокација : По Дома

    Преживеал бомбаш самоубиец

    Пишување  МариоМК on Пет Апр 22, 2011 9:02 am

    Умар Фидал заедно со неговиот школски другар на трети април се разнеле во пакистански храм, при што имало десетици убиени и ранети луѓе.

    Но, Фидал го преживеал самоубиствениот напад бидејќи не му биле активирани сите бомби на неговото тело.

    Останал без рака и има тешки повреди во стомачната празнина и се’уште се наоѓа во животна опасност, но во свесна состојба. Сега се наоѓа во притвор каде што разговарал со новинарите на “Би-би-си“ и се покајал за сторените злодела, заради кои се одрекол од своите родители.

    Објаснил како пет месеци бил во талибански камп за обука на бомбаши самоубијци каде што научил да пука и да ракува со бомби, каде што му го испрале мозокот уверувајќи го дека ќе оди во рајот ако ги убие неверниците. Му кажале дека ќе го однесат во Авганистан, но на крајот заедно со неговиот пријател биле пратени во пакистански храм.

    “Талибанците често се молеле и го читале Куранот па затоа мислев дека се добри. Срцето ми викаше да одам и да тренирам со нив“, рекол Умар, додавајќи дека дури сега сфаќа дека направил нешто “многу лошо“ и дека тоа не е во склад со Исламот.

    Умар се’уште стравува дека Талибанците може да го најдат и да го убијат бидејќи не ја завршил мисијата за која бил испратен.
    avatar
    whomi
    Aдминистратор
    Aдминистратор

    Број на мислења : 107
    Поени : 2147532547
    Репутација : 2
    Дата на регистрирање : 2011-03-11
    Местолокација : пред компјутер

    Re: Преживеал бомбаш самоубиец

    Пишување  whomi on Саб Апр 30, 2011 10:31 pm

    значи може да се самоубие 2 пати чоекот Very Happy

      Сега е точно Нед Ное 19, 2017 8:46 am