Полицајците во Бразил наскоро со помош на технологијата за препознавање на лица ќе можат да го контролираат криминалот на улиците во големите градови.
Тие ќе делуваат со камери вградени на очилата на полицајците што ќе овозможува лицата на минувачите да ги споредуваат со лицата на криминалците евидентирани во полициската база.
Тие очила кои самите полицајци ги нарекуваат „РобоКап“ очила, веќе ги поминаа прелиминарните истражувања на терен во Рио де Жанеиро и Сао Паоло.
Се покажало дека на раздалеченост од 40 метри овие очила можат да скенираат околу 400 лица во секунда, притоа споредувајќи 46.000 биометриски точки на човековото лице со информациите од базата на податоци.
Во случаите на препознавање на лица со криминално минато, црвеното светло, видливо само за полицајците им укажува дека на тие лица треба да им посветат посебно внимание.
Експертите за безбедност се надеваат дека оваа технологија ќе може да се користи и на јавни собири каде е потребно да се контролира ситуацијата меѓу десетици илјади луѓе.
Со оглед на тоа дека Рио де Жанеиро во 2014 година го очекува Светското првенство во фудбал, а во 2016 Олимписките игри, полицијата се надева дека технологијата на препознавање до тогаш ќе биде составен дел од полициската опрема.