e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

    Тексас во пламен

    Share
    avatar
    МариоМК
    Aдминистратор
    Aдминистратор

    Број на мислења : 150
    Поени : 2147529487
    Репутација : 8
    Дата на регистрирање : 2011-04-15
    Возраст : 22
    Местолокација : По Дома

    Тексас во пламен

    Пишување  МариоМК on Чет Апр 21, 2011 12:10 pm

    Пожарникарите од Тексас сè уште се борат со пожарите кои се протегаат на преку четири милиони квадратни метри, а траат веќе една недела.

    „Тексас гори од граница до граница. Имаме пожари на западот на Тексас, на исток, на север, на југ на државата. Се протегаат преку цел Тексас“, изјави Април Сагинор, портпарол на тексашката шумарска служба.

    Таа додаде дека пожарот на подрачјето на Далас настанал од четири помали кои се споиле.

    Пожарникарите од 34 сојузни држави се борат со пожарите. Од 1. јануари во Тексас се пријавени повеќе од 800 пожари. На огнот во прилог му оди и сушниот период, така што не се очекува огнената стихија брзо да биде совладана.

      Сега е точно Пон Jул 24, 2017 10:49 pm