e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

Join the forum, it's quick and easy

e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

e-Meтеор

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

2 posters

    Индија лансираше ракета со три сателити

    МариоМК
    МариоМК
    Aдминистратор
    Aдминистратор


    Број на мислења : 150
    Поени : 2147578707
    Репутација : 8
    Дата на регистрирање : 2011-04-15
    Возраст : 29
    Местолокација : По Дома

    Индија лансираше ракета со три сателити Empty Индија лансираше ракета со три сателити

    Пишување  МариоМК Чет Апр 21, 2011 12:12 pm

    Индија успешно лансираше ракета која во орбитата исфрли три сателити, меѓу кои и првиот сателит изграден во Сингапур. Полетувањето се одвивало нормално, а сателитите се лансирале на околу 820 километри над Земјата.

    Лансирањето се одржа во вселенскиот центар Сатиш Даван во Срихарикота, во Андра Прадеш, Индија. Тимот на научници и инженери, на чело со претставникот на управата С. Сатиш, го прославија успешното лансирање и изразија задоволство дека се поминало во најдобар ред и без проблеми, пренесува AP.

    „Воодушевени сме од успешното лансирање на првиот експериментален микро-сателит од Сингапур“, кажа претседателот на Технолошкиот Универзитет Нанијанг. „Ова претставува голем чекор за нашите локални истражувачи и напорите за изградба на микро-сателити во вселенската технологија“.

    Трите сателити имаат различни цели. Во својата три-годишна мисија, најголемиот ќе овозможи мапирање на природните богатства на Индија, додека двата помали сателити ќе се искористат за проучување на ѕвездите и испраќање фотографии до вселената.
    whomi
    whomi
    Aдминистратор
    Aдминистратор


    Број на мислења : 107
    Поени : 2147579407
    Репутација : 2
    Дата на регистрирање : 2011-03-11
    Местолокација : пред компјутер

    Индија лансираше ракета со три сателити Empty Re: Индија лансираше ракета со три сателити

    Пишување  whomi Чет Апр 21, 2011 7:09 pm

    Сега Македонија е на ред bom
    МариоМК
    МариоМК
    Aдминистратор
    Aдминистратор


    Број на мислења : 150
    Поени : 2147578707
    Репутација : 8
    Дата на регистрирање : 2011-04-15
    Возраст : 29
    Местолокација : По Дома

    Индија лансираше ракета со три сателити Empty Re: Индија лансираше ракета со три сателити

    Пишување  МариоМК Чет Апр 21, 2011 8:08 pm

    Да уште ние останавме хх ама ние таман негде накај 2020 ке лансираме cheers

    Sponsored content


    Индија лансираше ракета со три сателити Empty Re: Индија лансираше ракета со три сателити

    Пишување  Sponsored content


      Сега е точно Пет Апр 19, 2024 5:14 am