e-Meтеор

Регистрирај се бесплатно!

    Бин Ладен не бил убиен туку умрел од болест?

    Share
    avatar
    МариоМК
    Aдминистратор
    Aдминистратор

    Број на мислења : 150
    Поени : 2147531287
    Репутација : 8
    Дата на регистрирање : 2011-04-15
    Возраст : 22
    Местолокација : По Дома

    Бин Ладен не бил убиен туку умрел од болест?

    Пишување  МариоМК on Вто Мај 10, 2011 6:06 pm

    Иранскиот министер за разузнавање Хејдар Молеши изјавил дека Техеран има докази по кои лидерот на Ал Каеда Осама Бин Ладен умрел од болест пред американските специјалци да ја изведат акцијата во која се смета дека е убиен, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.

    “Имаме прецизни информации дека Бин Ладен умрел од болест пред извесно време“, рекол Молеши.

    “Доколку американската војска и контраразузнавачите навистина го уапсиле или убиле лидерот на Ал Каеда, зошто тогаш не го покажат, туку неговиот труп го фрлиле во море?“, прашал иранскиот министер.

    Како што соопшти американскиот претседател Обама, Бин Ладен бил убиен на втори мај во пакистанскиот град Аботабад, северно од престолнината Исламабад, во текот на акцијата на специјалните американски сили.

    Лидерот на Ал Каеда е погребан во море за помалку од 24 по завршување на акцијата, а како што соопштиле американските официјални лица, со анализа на ДНК е потврден неговиот идентитет.


    _________________

      Сега е точно Нед Окт 22, 2017 10:58 pm