Швајцарската влада соопшти дека влегла во траг на повеќе од 360 милиони швајцарски франци (416 милиони долари) кои можеби му припаѓаат на либискиот лидер Моамер Гадафи или на луѓето од неговото опкружување.
Оваа информација ја објави швајцарската министерка за надворешни работи Мишелин Калми Реј на дипломатскиот состанок во Тунис, јавува “АП“, пренесува Нетпрес.
Швајцарските власти им наложиле на банките и другите финансиски институции да го замрзнат имотот кој би можел да му припаѓа на Гадафи, Мубарак и Бен Али и нивните блиски соработници.