Ученичка од Гостивар кога одела кон својот дом се лизнала и паднала во Вардар, соопштуваат од МВР. Девојчето било спасено, но било извлечено во бесвесна состојба.
Дванаесетгодишната ученичка вчера околу 16 часот се враќала од училиште по кејот на реката Вардар во близина на ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“, се доближила до коритото од реката за да фрли камен, но во еден момент се лизнала и паднала во реката.
Водата ја носела околу 1 километар и од случајни минувачи била извадена во бесвесна состојба.
Девојчето веднаш било префрлено во Медицинскиот центар во Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите била пренесена и задржана на лекување во Ургентниот центар во Скопје, каде дополнително ќе се утврди карактерот на повредите.